Соопштение за полагање на прв колоквиум за студентите запишани во прв семестар во академската 2020/21 година

  1. Полагањето на колоквиумите за студентите запишани во прва година во академската 2020/21 година, ќе се одржува со физичко присуство на студентите во предавалните и амфитеатрите, со строго придржување до протоколите за спречување на КОВИД 19. Согласно протоколите исклучок ќе бидат студентите кои се позитивни на ковид 19, имаат решение за изолација,или други оправдани причини заради кои се оневозможени физички да присуствуваат на полагањето, за што треба да приложат соодветен доказ. Распоредот за полагање на колоквиумите ќе биде дополнително објавен на веб порталот на АУЕ-ФОН.
  2. Колоквиумите ќе се полагаат по модел на прашања (писмен тест), кој модел е усогласен и е претставен во продолжение на следниот линк. Преземи тука
  3. За некои од предметите од некои факултети ( Спортски менаџмент, Архитектура, Дизајн и мултимедија, Информатика и сл.), кои имаат специфична природа на наставната програма ќе бидат дополнително објавени посебни модел тестови.
     

ПРВ КОЛКВИУМ ЗА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2020/2021

Се известуваат студентите дека прв колквиум ќе се организира во периодот од 23.11.2020 до 30.11.2020 година.

Уплата и пријавување на испитите ќе се врши во периодот од 16.11.2020 до 20.11.2020 година.

Пријавувањето ќе се врши преку е-системот за пријавување по електронски пат, или преку вибер 070 345 999, или преку електронска пошта на следниве референти:

Факултети:

Правни и политички науки - daniela.bozinovska@fon.edu.mk

Економски науки- zana.gorgievska@fon.edu.mk

Информатика - evgenija.ivanovska@gmail.com

Дизајн и мултимедија - evgenija.ivanovska@gmail.com

Факултет за странски јазици - meriem.mustafce@fon.edu.mk

Детективи и безбедност - daniela.spirovska@fon.edu.mk

Спортски менаџмент - meriem.mustafce@fon.edu.mk

Архитектонски факултет - daniela.spirovska@fon.edu.mk

Студентите сите колоквиуми да ги уплаќаат збирно. Ако уплаќа друг во име на студентот, во цел на дознака да се напише број на индекс на студентот. Студентите што имаат повеќе индекси, да го пишуваат новиот индекс.

Уплатата за колоквиум изнесува 460 ден., студентите со неподмирени долгови за школарина нема да имаат можност за полагање.

Депонент Комерцијална Банка- 300-000-003-207-729.

Проверка на вашите финансии можете да извршите во службата за сметководство, на следната е-mail адреса: sejhan.asoska@fon.edu.mk .

 

KАЗНЕНА СЕСИЈА

Почитувани студенти, бидете информирани дека казнената сесија ќе се реализира on-line како и септемвриската на апликацијата Microsoft Teams.