Одбрана на магистерскиот труд - Христина Митева

На ден 28.05.2021 година (петок), со почеток во 14:00 часот, на платформата Teams ќе се одржи одбрана на магистерскиот труд на кандидатката Христина Митева. Трудот е со наслов „Зачувување на јазичното културно наследство кај македонските иселеници во северо-источниот дел на САД“, а ментор на трудот е проф. д-р Ана Лазарова-Никовска.